
Нови големи успеси забележаа боксерите на Пинк Пантер од Штип, во рамки на второто коло на „Опен Балкан“, кое се одржа во „Ада Циганлија“ во Белград, Србија.
Македонските боксери забележаа неколку победи, а тренерот Петар Чурлиновски е задоволен од прикажаното и од постигнатите резултати.
Младите штипски „пантери“ настапија со седум боксери од кои троица победија и тоа Иса Бајрам со прекин во првата рунда, Марко Чурлиновски и Зулфиќар Бајрам, додека пак загубија Ненад Наков, Кристијан Штрков, Езел Шабан и Александар Панов.
Како што вели тренерот Чурлоновски за М Нет телевизија, со освоените 12 бодови од ова второ коло, боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип го задржа водството на табелата со вкупно 25 бода.
Наредното трето коло од оваа меѓународно натпреварување е закажано за 15 октовмри, а истото ќе се одржи во Битола.
Александар Ванев, М-Нет