
Отворена изложбата посветена на 100 годишнината од рагањето на познатиот српски архитект и уметник Богдан Богдановиќ во УГ Безистен во Штип. Историчарот Маре Јованва Груиќ, од Белград, од настот потенцираше дека изложбата не е само културен настан, туку и потсетник на ослободувањето од фашизмот и победата над злото во Втората светска војна.Таа топло ги покани штипјани и сите заинтересирани да повелат на оваа изложба, која што има големо значење за Штип.
,,Денес ја отвораме изложбата, која е посветена 100 годишнината од раѓањето на Богдана Богановиќ. Изложбата има поширок котекст и е посветена на ослободувањето од фашизмот и победата од втората светска војна, како и пред се обрнуваме внимание на штипскиот меморијал, кое е едно познато дело на Богдановиќ, кое и те како оставило трага во штипската културна јавност.”, рече Груиќ
Изложбата ќе биде отворена се до четврти октомври, додаде Груиќ, нагласувајќи дека програмата ќе биде доста богата, пропратена со работилници за деца, на кои што тие ќе имаат можност да научат за културното наследство и за историјата на Штип.
,,Изложбата ќе биде отворена до четврти октомври, а ќе има богата програма. Ќе споменам само неколку, како работилница за деца, која ја имаме од следната недела и истата ќе биде преку целата седмица. На тие работилници, децата ќе имаат можност да научат што е тоа наследство,односно штои е тоа културно наследство, со таа поврзаност и идентитет, со таа поврзаност и што е идентитет, за историјата во Штип и секако креативно и ликовно да се изрази Богдана Богдановиќ, кој е бил познат по својата креативност. На изложбата ќе можеме да ги видиме сите архитектонски дела на Боганоќ, како и неговите книжевни дела.”, додаде Груиќ
Инаку, Меморијалниот комплекс во Штип, дело на Богаднович и денеска сведочи за неговиот уникатен уметнички потпис и силното културно влијание што го оставил во регионот.
Иван Митев, М-Нет