Детска џиновска пастрмајлија изготвија дечињата од детската градинка „Вера Циривири Трена“ Штип

Детска џиновска пастрмајлија подготвија дечињата од големата група од детската градинка „Вера Циривири Трена“ Штип во склоп на одбележување на манифетстацијата штипска Пастрмалијада. Денеска во дворот на градинката сите заеднички, со музика и забава, но и работа ја подготвија пастрмајлијата која ќе биде изложена на шеталишето Ванчо Прќе.

„Веќе неколку години по ред детската градинка „Вера Циривири Трена“ во знакот на зачувување на духот наа Пастрмалијдата подготвуваат детски пастрмајлии. Дечињата од големите групи оваа година за првпат прават детска џиновска пастрмајлија. Се надевам дека проектот ќе биде успешен и дека ќе биде убава, вкусна, детска пастрмајлија која ќе ја пробаат сите“ – вели Ангеличкова.

Пастрмајлијата е направена со осум килограми месо, а истата треба да биде три метри долга. Дополнително, изготвена е и песничка за пастрмајлијата со која се зачувув духот на традицијата. Дечињата од детската градинка „Вера Циривири Трена“ утре ќе настапат и на шеталиштето.

„Во неа е употребено осум килограми месо, шест килограми тесто, се очекува да биде со димензии од 80 сантиметри широка и околу три метри долга. Во знак на традицијата исто така нашиот музички педагог изготви песничка посветена на пастрмајлијата.“ – додава Ангеличкова.

Секоја година во склоп на одбележување на оваа манифестација се прават разни настани. Годинава за првпат се изготви детската џиновска пастрмајлија.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет