
Одложено судењето за родителот кој напдна двајца фудбалери на фудбалски натпревар на стадионот Бело Брдо во Штип. На денешната прва главна расправа обвинетиот побара судски преведувач на албански јазик и обвинителсниот акт уредно по електорнски пат да му биде доставен на албански јазик. Дополнително беа доставени и нови докази од страна на обвинетиот.
„Денеска од наша страна се побара да се исполнат тие услови, посебно во делот на преводот. Судот прифати и се надеваме дека во една постапка во понатамошниот дел ќе се докаже дека обвинетиот не е виновен за кривичното дело кое му се товари“ – вели Алиспахиќ.
Наредното рочиште е закажано за 29 септември, а расправите продолжуваат и на 2 и 3 октомври.
„Одбраната побара да се одложи ова рочиште со оглед дека бараат превод на албански јазик на обвинителниот акт. Обвинителството има доволно докази со кои ќе го докаже делото, се терети за насилство. Одбраната достави листа на докази, но истите се однесуваат на имотна и здравствена состојба на обвинетиот.“ – вели Костадиновиќ.
На 24 август 2025 година на стадионот Бело Брдо во Штип, на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК Брегалница и ФК Шкупи настана инцидент. Родител на фудбалер од ФК Шкупи нападна двајца фудбалери на ФК Брегалница. Децата се здобија со повреди констатирани во КБ Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет