Прилепските второлигаши Победа и Големо Коњари засега единствени без триумф

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

По четири одиграни кола прилепските второлигаши Победа и Големо Коњари се единствените кои не се израдувале на триумф и на освојување на цел „плен“ односно три бодови.

Победа е во многу хаотична ситуација и прашање е колку овој пат клубот ќе се спаси со опстанок во Втората лига, бидејќи Победа веќе неколку сезони е на работ на испаѓање, а пред две сезони играше и бараж за опстанок кога го совлада шампионот на Трета лига – Север, Куманово и така остана во Втората лига.

Победа има само еден освоен бод од ремито со Саса и има учинок од едно реми и три порази.

Од друга страна Големо Коњари е повратник во Втора лига после долги години, но засега тимот е далеку од триумф. Големо Коњари има скор од четири порази од толку натпревари.

Овие две екипи веќе овој викенд ќе имаат нова шанса за позитивен резултат. Победа ќе гостува во Автокоманда кај Скопје, а пак Големо Коњари дома ќе го чека Осогово.

Александар Ванев, М-Нет