
Обемни последни подготовки за манифестацијата штипска Пастрмалијада. Бината за концертниот дел на градскиот стадион веќе се поставува, а се очекуваат околу 100 илјади посетители од регионот, државата, но и странство. Оваа година е предвидено штандови да има поставено на шеталиштето „Ванчо Прќе“, како и на градскиот стадион.
„Овогодинешната манифестација има малку поразличен концепт затоа што вклучуваме концепт на уличен фестивал на улицата „Ванчо Прќе“ каде ќе се постават штандови за пастрмајлија, и концертен дел на градскиот стадион.“ – вели Јорданов.
Влезовите се поделени во неколку сектори, со цел поголема безбедност за посетителите. Бината се поставува од страна на автобуската станица и е предвидена голема безбедноста за време на самата манифестација.
„Влезовите се поделени на неколку секотри. Имаме два влеза позади сцената од кај автобуската станица. Таму ќе бидат сместени сите луѓе на високи маси и ќе има уште еден простор за сите останати посетители. Имаме два влеза од страна на интернатот и еден главен отворен влез за посетителите.“ – вели Куртевски.
Од пред речиси еден месец зафатени се и сите сместувачки капацитети во градот за престојниот викенд и настаните кои се предвидени со реализација на манифестацијата Пастрмалијада.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет