
Возбудливо 4. коло во Втората лига со натпревари исполнети со голови и пресврти.
Брегалница Штип славеше со 4-2 против Новаци, откако во второто полувреме ја презеде контролата врз натпреварот. Слично сценарио се случи и во Прилеп, каде Охрид дојде до важна победа од 2-3 против Победа, со силен финиш по одморот.
Трилери имаше и во Кочани, каде екипата на Скопје го совлада Осогово со 2-3, исто така по пресврт во второто полувреме.
Кожуф во Гевгелија беше убедлив против Преспа со 7-1, а Шкендија Арачиново славеше со 4-0 против Големо Коњари.
Најубедлава беа Саса која со 1-8 на гостински терен го совладаа Вардар Неготино, постигнувајќи вистинска голеада.
Колото ќе биде заокружено утре со дуелот меѓу Тетекс и Слога Виница, како и вечерното дерби во Струмица под рефлектори – Беласица против Детонит Плачковица.
Александар Ванев, М-Нет