
Во трка за влез во Советот на Општина Штип, засега пријавени седум кандидатски листи, меѓу нив и две независни. Од партискиот блок, засега поднесени листи имаат:
-коалицијата ЗНАМ,
-Единствена Македонија,
-Левица,
-партијата МАГ, која првпат се појавува на политичката сцена,
како и Демократската партија на Турците, која традиционално настапува во Штип и други општини со мешан етнички состав.
Останува да се види дали во последните часови до полноќ, ќе се појави уште некоја листа.
По завршувањето на рокот, Општинската изборна комисија ќе ги разгледа сите поднесени пријави и ќе го објави конечниот список на учесници во изборната трка.
До полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на советите во рамки на Локалните избори закажани за 19 октомври 2025 година. Сите заинтересирани политички субјекти и овластени предлагачи можат да ги достават кандидатурите до Општинските изборни комисии.
Иван Митев, М-Нет