
Кое е најубавото село во Македонија?
Секој си го сака своето, а битката за најубавото ја разгоре емоцијата повеќе од статистиката. Некои го бранат село Соколарци, други се колнат во село Долни Балван, а има и такви кои што едногласно рекоа, најубаво е онаму каде си пораснал, бидејќи друго место не позната душата.
Некогаш селата биле богати, полни и среќни. Секоја недела со свадби, игранки и обичаи, денес празни и распаднати куќи и одаи, од каде некогаш излегувале младите невести
Анкетата покажа едно, Македонија може би има проблеми, ама убави села не и фалат. Од осговските, до оние скриените во долините, народот си ги сака корените. И кога ќе ги прашате, немаат дилема, едногласно одговараат ,,нашето село е најубавото”.
Иван Митев, М-Нет