Во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Новаци, сабота од 15:30 часот

Во сабота во живо на М Нет телевизија ќе можете да го проследите натпреварот меѓу Брегалница и Новаци, кој се игра со почеток од 15:30 часот, а во рамки на 4. коло на Втората лига.

Брегалница ќе биде фаворит, а „сините“ на Влатко Костов доминираат во новата сезона и ќе сакаат продолжува на победничката низа. Од друга страна Новаци во Штип доаѓа по позитивен резултат, таму дуваат позитивни ветрови и со неколку нови засилувања Новаци ќе сака барем бод од за нив тешкото гостување на Градскиот стадион во Штип.

Брегалница во претходното коло до врв ја наполни мрежата на Тетекс славејќи со 6:1, а пак Новаци со 3:2 го доби Вардар Неготино.

Натпреварот меѓу Брегалница и Новаци ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија, сабота од 15:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет