Целовечерен концерт на ЗГ,,Шчипјани“ в петок во Дом на млади – Штип

Целовечер музички концерт под името Симеон Донев, в петок организираат членовите на градскиот хор Шчипјани во Штип. Со почеток од 19, часот во Дом на млади, тие ке ги испеат старите подзаборавени штипски народни песни, кои некогаш биле повод за радост и веселба. Концертот го организираат традиционално секоја година, а под смртта на нивниот претседател Симеон Донев, оваа година името на концертот го носи токму неговото.

,,Оваа година организираме ревијален концерт под името Симеон Донев. Секоја година се думавме, кој наслов да го ставиме на концертот, обично ги организиравме зимно време. Меѓутоа оваа година, бидејќи лани ни се сличи еден немил настан, почина нашиот претседател Симеон Донев, кој што многу ни значеше на сите нас и така да ние едногласно одлучивме оваа година концертот да го организираме во негова чест и да го насловиме по неговото име Симеон Донев. Концертот ќе биде во 19 часот во дом на млади во Штип. Влезот е бесплатен, а ги поканувам сите кои што се љубители на старите песни да повелат на самиот настан.“, истакна Богатинова

На концертот ќе можат да се слушнат староградски песни, во четиригласно пеење, како Запеј песна мори моме, Дафино вино црвено, Не стој Доне Донке и други, истакна дирекентот на здружението.

Инаку, ова здружение постои од 2019 година и во заклучно овие шест години тие настапуваат на секаде во државата, како и надвор од неа. Македонската народна песна ја негуваат со многу љубов, посветеност и работа.

Иван Митев, М-Нет