
Работник од Делчево паднал на работно место, починал на пат кон штипската болница.
На 10.09.2025 околу 11:00 часот во ОВР Делчево било пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди. Од здобитените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош. Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.