
Овој викенд продолжуваат прволигашките возбудувања после репрезентативната пауза со натпреварите од 5. коло од фудбалската елита на Македонија.
Вардар како фаворит на домашен терен ќе игра против повратникот Македонија ЃП, скопското дерби на овие две екипи по една сезона пауза одново се враќа.
Натпреварот ќе се игра под рефлектори, што ќе биде причина повеќе за гледачите да уживаат во добра фудбал
Шампионот Шкендија на домашен терен ќе игра против повратникот Башкими, каде сигурно е дека ќе има неизвесен натпревар. Башкими покажа дека во новата сезона нема да се цели само кон опстанок, туку ќе има борба за што повисок пласман на табелата, а пак за Шкендија овој меч ќе биде тест во одбраната на титулата.
Брера Струмица на домашен терен ќе игра против Шкупи и тоа за струмичани ќе биде идеална шанса за триумф, бидејќи Шкупи е разнишан, па затоа сега е тој момент за Брера да дојде до прва сезонска радост, а пак тимот од Чаир ќе ги бара првите бодови.
Во Кратово екипата на Силекс ќе го пречека Работнички, две екипи кои оваа лето европската авантура ја завршија уште во првото квалификациско коло ќе се соочат, каде домашниот тим ќе биде фаворит за продолжува на максималниот ефект во Првата лига, а пак „романтичарите“ со новиот тренер ќе бараат прва сезонска радост и излез од резултаската криза.
Струга Трим Лум е максимална со четири од четири во новата сезона и како голем фаворит ќе го пречека Тиквеш кој сезонава не тргна според планот и не игра според посакуваното. Тиквеш од Кавадарци собра два бода со учинок од два порази и две ремија, а против Струга ќе биде навистина тешко Тиквеш да дојде до победа, но и нема што да се загуби па се освен пораз би било позитивен исход.
Дебитантот Арсими против Пелистер во гости ќе ја бара првата историска победа во фудбалската елита на Македонија. Пелистер е фаворит, но тоа ќе треба да го докажен на терен и со резултат.
Овој натпревар ќе се игра под рефлектори што ќе биде вистинско уживање за гледачите и мотив плус за двете екипи за допадлив фудбал.
Александар Ванев, М-Нет