
Македонскиот мотоциклист Роберт Анакијев од Штип испиша историја, станувајќи првиот Македонец кој настапил во Италијанскиот шампионатза брзински мотори во категоријата натионал трофеи 1000 – елитна конкуренција во која се натпреваруваат возачи кои редовно настапуваат и на највисоко светско ниво.
На легендарната и технички предизвикувачка патека во Имола, Анакијев успа да се избори за одличното 10-то место, и тоа без никаква финансиска поддршка и без спонзори. Со бројот 369 на својот мотор, Роберт ја претставува не само својта храброст и истрајност, туку и целиот Штип и Македонија.
Овој резултат е огромен поттик за мотоциклузмот во земјава и инспирација за младите спортсти. Анакијев покажа дека соновите стануваат реалност со труд, посветеност и љубов кон спортот, без разлика на сите предизвици.
Следната негова цел е уште повисок палсман и учество на повеќе европски трки, каде Македонија ќе продолжи да има свој претставник меѓу најдобрите.
Александар Ванев, М-Нет