
Познати се имињата на судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 3. коло во Втората македонска фудбалска лига. Колото се отвара денес со седум натпревари, а ќе заврши во понеделник со мечот во Штип, кој исто така ќе го следите на М Нет телевизија во живо.
На Градскиот стадион во Радовиш ќе се сретнат Детонит Плачковица и Слога Виница. Главен судија е Бењамин Ќерими, а ќе му асистираат Филип Ицковски и Бојан Иваноски, додека четврти судија ќе биде Нинослав Нанков, мечот ќе го следите во живо на М Нет телевизија.
Натпреварот меѓу Големо Коњари и Беласица ќе го води Ангелчо Ристов, со помош на Ване Дупкаров и Ване Данилов, а четврти судија е Дарко Котевски.
Дербито на колото се игра на „Железарница“, каде Скопје ќе ја пречека Шкендија Арачиново. Главен арбитар ќе биде Игор Стојчевски, а асистенти Гоце Петрески и Бранко Путилин, со Дарко Стојчевски како четврти судија.
На „Билјанини Извори“ се сретнуваат Охрид и Осогово, а главен судија ќе биде Дејан Младеновски, со асистенти Куштрим Лика и Дејан Димитријевиќ. Четврти судија ќе биде Александар Василевски.
Во Ресен, на Градскиот стадион, Преспа ќе ја пречека Победа. Натпреварот ќе го води Дени Лековски, а ќе му помагаат Петар Степановски и Николче Дрнковски. Четврти судија ќе биде Благојче Ралевски.
Во Каменица ќе се одигра мечот меѓу Каменица Саса и Кожуф, а правдата ќе ја дели судиска четворка од Штип. Главен судија е Крумислав Ѓоргиев, со помош на Ристо Ѓоргиев и Александар Гигов, а четврти судија е Димитар Пилешков.
Новаци го пречекува Вардар Неготино. Главен судија е Борче Павловиќ, а ќе му помагаат Стефан Стојановски и Иван Ивановиќ. Четврти судија е Ненад Тодоровски.
Колото ќе се затвори во понеделник со натпреварот во Штип, каде Брегалница ќе го пречека Тетекс. Главен судија е Доне Ристовски, со асистенти Иван Танев и Стефан Митров, а четврти судија е Јордан Јовановски.
Сите натпревари ќе започнат во 16:00 часот.
Александар Ванев, М-Нет