
Денес нѐ очекува уште еден возбудлив натпревар од шеснаесетинафиналето на Купот на Македонија, кој може да го следите во живо на телевизија М Нет. Второлигашите Шкендија Арачиново и Каменица Саса ќе ги одмерат силите на стадионот Башкими во Куманово, во директно соочување за пласман во осминафиналето. Минатата сезона токму екипата на Шкендија Арачиново како тогашен третолигаш приреди сензација елиминирајќи го прволигашот Работнички во првата фаза од Купот. Оваа година, Шкендија Арачиново влезе одлично во Втората македонска фудбалска лига и ќе сака да ја продолжи позитивната серија со пласман во следна фаза. Од другата страна, Каменица Саса пристигна во Куманово со јасна цел – да триумфира и да обезбеди место во следната рунда. Се очекува неизвесен и возбудлив натпревар, со оглед на тоа дека двете екипи се во добра форма и имаат високи амбиции. Директниот пренос од Куманово започнува во 15:30 часот на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет