Викендот стартува новата сезона во женската ракометна Суперлига: Ѓорче Петров ја брани титулата, Астибо започнува од Штип

Престојниот викенд започнува новата сезона во ракометната женска Суперлига со натпреварите од првото коло. Екипата на Ѓорче Петров ќе ја брани титулата во шампионатот, но паралелно со тоа ќе ја брани и Куп титулата, но конкуренцијата ќе биде неизвесна бидејќи и Металург Автокоманда и Чаир склопија екипи со кои сигурно е дека ќе ја направат тркат за титулата неизвесна.

Одбраната на титулата тимот на Ѓорче Петров ја започнува на домашен терен, а во рамки на првото коло „лавиците“ ќе играат против Куманово.

Астибо новата сезона ќе ја започне од Штип, а на домашен терен ќе игар против Спартак во меч каде штипските ракометарки ќе атакуваат на триумф и со позитивен резултат да ја отворат новата сезона.

Чаир како фаворит ќе гостува во Битола каде ќе се соочи со Пелистер, додека пак првото коло носи и скопска пресметка меѓу Металург Автокоманда и Вардар.

Во новата сезона на Суперлигата ќе настапат осум екипи, останатите екипи ќе бидат дел од Првата женска ракометна лига.

Александар Ванев, М-Нет