Се воведува нова линија во градскиот превоз, од ООУ „Гоце Делчев“ до село Шашаварлија и обратно

Се проширува градскиот линиски превоз во Штип, се воведува нова линија од ООУ „Гоце Делчев“ до село Шашаварлија и обратно. Оваа линија пред сѐ ќе биде наменета за учениците од основно и средно образование, а цените на билетите ќе бидат достапни за училиштата. Исто така ќе бидат прилагодени и термините за почеток и крај на наставата. Оваа одлука доби зелено светло од советниците на денешната седница на Советот на Општина Штип.

„Се воведува нова линија која ќе се одвива на релација ООУ „Гоце Делчев“ – село Шашаварлија и обратно. Линијата е наменета за превоз на ученици во основно и средно образование и термините се прилагодени за започнување и завршување на наставата. Поради создавање на технички услови за опслужување на нова линија со купување на нови возила од страна на ЈП Стипион, како и за овозможување на превоз на ученици по цена на превозот кој училиштата ќе можат да го поднесат, се донесе одлука за воведување на нова линија во општинскиот линиски превоз“ – вели Блажева.

Од 1 септември со почетокот на новата учебна година, од ЈП Стипион, известауваат дека започнува редовниот училишен возен ред на Јавен превоз во Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет