
Секој македонски граѓанин може да се надева на безбедност во државата, порача денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својата изјава. Тој рече дека министерството во последните година дена покажа особена борба со организираниот криминал, со што се разрешени околу 14 криминални групи на територија на целата држава. Уверува дека безбедноста се враќа.
,,Министерството за внатрешни работи покажа дека бескомпромисната борба, особено против организираниот криминал е и те како претпознатлив знак за последните година дена од работењето на МВР. Разрешивме некаде околу 14 организирани криминални групи на територија на државата.“, рече Тошковски
И понатаму министерот Тошковски уверува, секој македонски граѓанин може да се чувствува и да се надева на безбедност во Македонија.
Инаку, како што посочи министерот досега се разрешени 14 организирани криминални, а дополнително полицијата работи и на терен на сообраќајната култура. Речиси секој викенд многубројни се сакнциите, особено за брзо возење и за возачи кои возат во алкохолизирана состојба. Се разрешуваат и дополнителни дела, кои ги има доста многу.
Иван Митев, М-Нет