Приведен 47 годишен штипјанец – физички ја нападнал сопругата

На 17.08.2025 во 20.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.Ј.(47) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 39-годишна сопруга. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 130 став 2 од Кривичниот законик.