Оваа есен ќе се пошумуваат малешевските планини, акција со цел заштита на природата


Оваа есен, Општина Берово ќе започне нова голема акција за пошумување, како одговор на страшните штети кои ги предизвикаа големите пожари во малешевските планини. Се планира да се засадат садници кои најдобро се прилагодуваат на условите на планините, што ќе помогне за обнова на природата и враќање на животот на овие планиниски простори. Според планот, засадувањето ќе има многу поголем ефект од само обновување на теренот – ќе ги засили напорите за борба против климатските промени и ќе ја подобри еколошката состојба на регионот.
Во оваа важна акција ќе се вклучат не само локалните жители, туку и еколошки организации и волонтери, кои ќе имаат клучна улога во реализацијата на целиот процес. Заедно, ќе засадуваат нови дрвја и ќе создадат зелени оази, кои не само што ќе ја направат природата поубава, туку и ќе допринесат за почиста и здравија околина.
Овој проект за пошумување е дел од поширокиот план за заштита на природата и обезбедување одржлив развој на целиот регион. Со секоја садница, не само што ќе се обновуви природата, туку и ќе се создаде можност за иднинината на планините како и за иднината на младите.


Пожарот на планината Готен, кој се прошири од Општина Василево, остави огромни траги на природата и околината. Овој пожар беше не само еколошка катастрофа, туку и голем предизвик за сите оние кои се вклучија во неговото гасење. Пожарот траеше речиси десет дена, а теренот беше исклучително тежок за пристап, што го отежнуваше процесот на гасење.
За да се справат со оваа ситуација, голема помош пристигна и од Словенија, чија специјализирана екипа со воздушни средства се вклучи во акцијата. Пожарот се гасеше со хеликоптери, бидејќи пристапот по земја беше речиси невозможен. Планината Готен, која е дом на голем број на заштитени видови растенија и животни, беше зафатена од пожарот кој уништи големи површини на ниска и висока стеблеста шума.


Но, благодарение на соработката и солидарноста на сите засегнати, се успеа да се ограничи опсегот на пожарот и да се започне со реконструкција на оштетените делови. Акцијата за пошумување што сега се планира во Берово и Малешевските планини е директен одговор на овие трагедии, и има потенцијал да го врати животот на овие области.
https://www.youtube.com/watch?v=63_djx3D_w4

Иван Митев, М-Нет