Мицкоски: Македонија ја имаме само ако ја чуваме, охридскиот договор донесе мир

Македонија ја имаме само ако ја чуваме, премиерот Мицкоски со став за промени. По повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, денес тој потенцираше дека истиот денес донел мир, стабилност, кој се симбол на зрелост и мудрост. Вели дека иако пред 24 години татковината била разнишена, сепак денес во државата има заедништво и компромис.

,,Државата ја имаме само ако ја чуваме заедно. Летото 2001 беше едно од најтешките во нашата понова историја. Нашата татковина беше разнишена од конфликт, страв, незивеснот. Имаше мигови, кога изгледаше дека ништо нема да остане исто, дека патот кон пропаст е незибежен, но тогаш со храброст со трепение и со визија избравме пат на мир, на компромис и заедништво. За овие работи треба да се зборува отворено и без ракавици. Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир, стабилност, тој е симбол на мудрост и зрелост.“, рече Мицкоски

Договорот досега бил долго злоупотребуван од поедници, истакна Мицкоски. Потенцираше дека над 20 години имало структури кои гокористат национализмот за заштита на криминалот, додава тој

Инаку, премиерот Мицкоски потенцираше и дека Македонија е дом на сите граѓани, каде сите имаат обврска да обезбедат подобра иднина. Дециден остана дека треба заеднички да се гради и да се решаваат проблемите.

Иван Митев, М-Нет