
Донесена одлука со која Општина Штип ќе ја регулира продажбата на производи како семки и пуканки на јавни површини. На последната седница на Советот на општината, советниците се сложија дека јавните површини треба да се вметнат како локации за продажба на вакви производи со цел да може правно да се регулираат. Станува збор за јавни површини како плоштадот Слобода, како и шеталиштето Ванчо Прќе, каде што се продаваат пуканки, семки и слично.
„Општина Штип во континуитет ја следи состојбата со физички лица кои вршат продажба на сите производи, семки, пуканки и слични производи на јавно прометна површина. Од страна на Оопштина Штип е увидено дека физичките лица вршат продажба на вакви производи на плоштадот Слобода и на улицата „Ванчо Прќе“. Од овие причини за регулирање на продажбата на ваквите производи Општина Штип пристапи кон промена на одулката за определување на јавни површини кои може да се користат за продажба на стоки со вметнување на овие локации за продажба на вакви производи, се со цел нивно правно регулирање за користење на овие површини.“ – вели Митревска.
Во меѓувреме и од УЈП во неколку наврати претходно апелираат до продавачите на пуканки, семки, крофни, цедени сокови и слично кои ги продаваат овие производи на некоја манифестација да поднесат барање за паушално плаќање на данок на личен доход. Продавачите на плоштадот и шеталиштето на пример се обврзани да поднесат барање од времен карактер и согласно временскиот период кој продаваат пуканки, соколи, семки и слично да плаќаат данок на личен доход.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет