
,,Жешки“ како сонцето – цените на пазарот во Штип, граѓаните празничко пазаруваа свежи производи. Овој петок, како и останаите најбарани доматитие и пиперките, кој беа со благо намалени цени. Граѓаните децидни, цените се европски, но немаат избор, купуваат во помала количина, за да го поминат и овој месец. Велат тешко се издржува до следниот први.
Производителите, празнично расположени. Велат побарувачката е голема, особено на зелечукот. И тие децидни дека има пад на цената на некој производи.
Инаку, овој петок граѓаните дополнително купуваа и класја, а веднаш потоа грозје, праски и лубеници. Голема побарувачка имаше и на свежите чаеви, кој граѓаните ги купуваа за во зимните периоди.
Иван Митев, М-Нет