
На колена и со силна молитва, Македонија денеска ја празнува светата предподобна маченичка Параскева, силната застапница на сите христијани. Со шарени китки, болисек и пресни погачи, граѓаните уште рано наутро ја посетија црквата во населбата Сењак во Штип. Св. Петка е жива, таа и денес правни безброј чуда, помага на луѓето и ги исцелува болните и немкните.
Но верниците не чекаат празник за да отидат на црква. На Бога служат секојдневно, а секоја недела се на литургија во црквите во Штип.
Инаку, денеска Св. Параскева се празнува на секаде низ земјава. Во Штип се празнува и во селата Калузлија, Сарчиево и Љуботен. Граѓаните масновно уште вчера достојно го пречекаа празникот, а денес со многу љубов го испраќаат и ќе го дочекат следниот празник посветен на Св. Великомаченик Пантелејмон, кој се секогаш пага на 9 август.
Иван Митев, М-Нет