Ајварскиот пипер на пазарот во Кочани го купуваа само странци, за домашните цената од 70 денари висока

Ајварскиот пипер дел од понудата на пазарот во Кочани. Се продаваше по цена од 70 денари за килограм ама купуваа само странците. За домашните купувачи оваа цена е висока. Продавачите пак децидни дека цената на пиперот за зимница нема да „падне“ бидејќи како што велат производството е преполовено заради високите температури и временските услови. Дополнително се бараа доматот, компирот и пиперот за пржење, кои денеска се продаваа по различни цени согласно квалитетот на производите.

„Најмногу се бара доматот и компирот, купува кој што му е потребно. Цената на доматот зависи од квалитетот од 50 денари па нагоре.“ – велат продавачите.

За купувачите пазарот делумно скап, велат се купува по малку и согласно примањата. Освен сезонскиот зеленчук и овошјето на пазарот во Кочани се продаваше и ракија, мед, како и парчиња текстил.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет