Започнува празнувањето на Св. Преподобна маченичка Параскева во Штип

Вечерва започнува празнувањето на Св. Преподобна маченичка Параскева, уште позната како Св. Петка. Со почеток од 17:00 часот во светиот храм во населбата сењак во Штип ќе се одржи вечерна празнична богослужба, во слава и чест на светијата, која сиот свој живот го посвети на Христа со подвижнички живот во пост и молитва. И не само вечерва, чествувањето во Штип продолжуваи утре. Со почеток од 07:00 часот, свештенослужителите на брегалничката епархија ќе одржат утринска празничка богослужба на која ќе чиноначалствува Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Литургијата како главен елемент во Христовата вера е неопходна за душевното смирение, а потоа за поучување во заповедите Божји, за предавање на себеси во благодарност на Бога Отецот и за стекнување на живо искуство на Неговото Царство преку Светата Причест на Неговиот Син, кој со Светиот Дугх присуствува во верниците. Покрај богослужби, верниците за овој празник имаат и домашни слави и имендени. Даваат ручек, дигаат панагија и ја слават на големо Светата маченичка Параскева, со цел таа биде нивна заштитница и застапница. Покрај во Штип, Св. Петка се слави и во околните населени места, како во штипското село Сарчиево, така и во карбинското село Калаузлија. Граѓаните масовно ќе ги посетат црквите и манастирите.

Инаку, по смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напуштила родителскиот дом и отишла најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пунстина, каде останала до својата старост. Нејзиниот долг пустински живот во молитва и пост може да биде спореден со 40 дневницата која што Исус ја спроведол в пустина.
Во длабока старост, и се појавил ангел божји кој и рекол да се врати во своето родно место, затоа што треба телото да го предаде на земјата, а духот на Бога. Така и сторила, а се упокоила во 11 век во 1100 година.

Иван Митев, М-Нет