
Летното сонце сериозна закана за очите, УВ зраците предизвикуваат и канцерозни творби на предниот дел на окото. Според офталмологот д-р Кристина Шишарица, зрачењето од сонцето има сериозни последици врз очите, кои ако не се спречат навреме, може да доведат до несакани последици. Лекарите апелираат да се нпсат заштитни очила со УВ-А и УВ-Б сертификат. Дополнително, се препорачуваат капи или шешири со сенка за очите, особено при подолга изложеност на сонце. Особено да не се излегува во периодот од 12 до 16 часот.
,,Во летните денови кога температруите се екстремно високи постои високо УВ зрачење икако што сите знаеме, тоа зрачење може да направи штетни последици на кожата, меѓутоа и на очите. За жал имаме пациенти кои што доагаат со проблеми, поради оштетување од овие зраци и затоа препорачуваме заштита обавезно во текот на летото со наочари, кои што имаат сертификат за УВ А и УВ Б заштита. И препорачуваме секако луѓето да носат и капи, кои што имаат заштити во предниот дел на главата. Инаку, оштетувањата од УВ зраците на очите пред се знаеме дека многу честа појава е катаракта и многу често луѓето не се заштитуваат, а самите зраци предизвикуваат забрзување на самиот процес за настанување на катаракта, а со тоа намалување на видот. Потоа доагаат пациенти кои што имаат проблеми со дегенерација на макулата, која што може да биде влошена. Секако дека овие зраци може да предизвикат и растење на некакви творби на канцерозни на предниот дел на очната површина.“, рече Шишарица
Лекарите апелираат на редовни рутински прегледи, бидејќи како што велат и кога нема никаков проблем, може да се открие некакво заболување, кое треба навреме да се спречи и лесно реши, без трајни последици.
,,Многу е важна заштитата и препораките се да кога се изразени најмногу овие зраци во периодот помеѓу 12 и 16 воопшто и да не се излегува. Редовните и рутински прегледи се многу важни, затоа што често од луѓето кои што немаат никаков проблем , ние можеме да најдеме некој проблем, кој што недал никакви симптоми. Од нашата страна е секако најдобро да го откриеме во некаква таква порана фаза, бидејќи проблемот можеме многу лесно да се реши, без да има трајни последици.“; додава Шишарица
Инаку, освен кај повозрасните, оштетување на видот е забележано и кај младите и децата, истакнаа лекарите. Велат дека прекумерно гледање во малите екрани, може да придонесе за оштетување на самиот вид. И овде со апел на внимание.
Иван Митев, М-Нет