
Екипата на Шкендија Арачиново договори ново засилување – се работи за Кристијан Чурлинов, кој доаѓа од редовите на Каменица Саса.
Чурлинов е десен бек кој има 24 години, треба да биде вистинско освежување во тимот кој сега го води тренерот Љупчо Марковски – Калц, а притоа треба да даде стабилност во дефанзивната линија.
Покрај за екипата на Каменица Саса, Чурлинов настапуваше и за Тетекс, Силекс, Скопје, за Работнички, Брегалница и Вардар.
Чурлинов зад себе има 43 настапи во Првата македонска фудбалска лига, а притоа има и четири асистенции во фудбалската елита на Македонија, а има одиграно и два натпревари во баражот за Првата лига, сите во дресот на Скопје.
Екипата на Шкендија Арачиново која е повратник во Втората лига после долги години, сезоната ја отвара против Преспа од Ресен, екипа која исто така е повратник во второлигашкото друштво после долги години.
Новата сезона започнува со првото воведно коло на 23 август.
Александар Ванев, М-Нет