Голем број граѓани имаат проблеми со црниот дроб, бесплатно тестирање денеска во Штип

Трета година по ред на малиот плоштад во Штип граѓаните имаа можност бесплатно и анонимно да се тестираат за заразно преносливи хепатити и други црнодробни заболувања, како и ХИВ. Целта на оваа акција е да се подигне свеста кај граѓаните, да се прават испитувања и да се води грижа за сопственото здравје.

Заинтересираноста беше голема, граѓаните во редица чекаа да се тестираат и да го проверат здравјето на црниот дроб. Резултатите за само половина час покажаа дека 25% од тестираните граѓани имаат некое заболување на црниот дроб.

„Најчесто луѓе кои се заболуваат од хроничен хепатит Ц се сите луѓе кои користат наркотични дроги, луѓе кои не се вакцинирани, дијализа, стоматологија.“ – вели Мишковиќ.

Како што вели Мишковиќ, голем е процентот на граѓани кои се тестирале и нивните резултати покажале присуство на хепатит Б и Ц.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет