
Во новата сезона во женскиот ракомет ќе има и Прва лига што е новитет во насока на подигање на квалитетот.
Во првата сезона на Првата лига која ќе започне на 5 односно 6 септември ќе настапат седум екипи – два дебитанти и останатите екипи од минатата сезона од плеј-аутот, што значи дека во секое коло ќе има по една слободна екипа.
Во новата сезона на Првата женска лига ќе се натпреваруваат Шампион, Овче Поле, Ѓорче Петров 2, Стружанка и Деспина, екипи кои минатата сезона беа дел од плеј-аутот на Суперлигата, како и двете нови екипи, тоа се Јехона од Гостивар и Атлетик од Скопје.
Распоредот за новата сезона во Првата женска лига е познат, па така во рамки на воведната рунда Шампион ќе го пречека тимот на Деспина, Јехона ќе игра против Стружанка, Овче Поле СУ во Свети Николе ќе го пречека тимот на Ѓорче Петров 2, а пак дебитантот Атлетик ќе биде слободен во рамки на првото коло.
Александар Ванев, М-Нет