Во првата половина од 2025 година процентот на имунизирани деца во Штип е 90%

Во првата половина од оваа тековна година процесот на имуннизација на предучилишни и училишни деца во Штип се одвива на задоволитетло ниво, однсно процентот е над 90. Во „Здравствениот дом“ Панче Караѓозов, се вакцинираат дечињата од Штип и Карбинци и како што вели доктор Дијана Коцева-Миланова, расте свесноста кај родителите кога е во прашање вакцинирањето на децата.

„Процесот на имунизација на предучилишни и училишни деца за Општина Штип и Карбинци можам да кажам дека се одвива континуирано, на задоволително ниво. Според последниот извештај кој се однесува на првата половина на 2025 година процентот на имунизирани деца за скоро сите вакцини е над 90.“ – вели Коцева Миланова.

Дополнително акцент се става на имунизирањето со ХПВ вакцина. Интерес има и за оваа вакцина која е задолжителна и за девојчиња и за момчиња над 12 годишна возраст. Примерот од развиените земји каде оваа вакцина е воведена многу порано покажува дека е многу мал бројот на жени заволени од карционом на грло на матка.

„Ние акцент ставивме на промовирање на имунизацијата со ХПВ. Можам да кажам дека последната година расте интересот што најверојатно се должи на зголемувањето на свесноста кај родителите за бенефитот од оваа вакцина.“ – додава Миланова Коцева.

Од месец април вакциналниот пунк во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип работи и втора смена секоја среда.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет