Пожарите се подметнати или резултат на тешка негрижа – тврди премирот Христијан Мицкоски

Пожарите се подметнати или резултат на тешка негрижа – тврди премирот Христијан Мицкоски. Во својата изјава, денес тој потенцираше дека сите расположливи сили се во акција- армијата, полицијата, дирекцијата за заштита и спасување. Вели дека е активиран и европскиот механизам, а ситуацијата е под контрола. Потенцираше дека ваков тип на огнена стихија има насекде во европа.

,,Имаме 30 па и повеќе пожари секој ден, вчера беа над 50. Најголем дел од нив постои сомневање дека се подметнати или се имаат случено од негрижа. До сега можам да кажам дека во јули месец ја држиме работата под контрола. Во функција се сите опреативни летала, кој што ги има дирекцијата за заштита и спасување, армијата и полицијата. Во функција се и возилата кои што подготвивме, бидејќи знаевме што не очекува ова лето. Го активиравем и европскиот механизам, активирани уште пред неколку дена. Но, имајте превид дека ваков тип на огнена стихија има на сега во европа, зборувам за во медитеранскиот дел.“, рече Мицкоски

Премиерот Мицкоски е дециден дека пожари ќе има и во август, но како што вели ситуацијата е под контрола, бидејќи сите надлежни ја вршат својата функција.

,,Во овој момент нема слободни воздухоплови, кои што би биле дел од тој еу механизам, кој што би помогнал. Во моментот припадници на армијата се на терен. Полициските службеници практично с вкучени. Се организираме, работата е под контрола, ќе се случува цело лето. Пожари ќе има и во август, така што во овој момент немаме огнена стихија, која што е надвор од контрола.“, додава Мицкоски

Инаку според последните информации на ЦУК во моментот се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, додека 6 се под контрола. Се уште активен пожарот на планината Готен, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Иван Митев, М-Нет