
Дестина коњаници денеска дефилираа по кочанските улици со цел да се оддаде почит на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс. Манифестацијата „Патот на Илинденците“ што секоја година се организира по повод празникот Илинден и традиционално се посетува градот Крушево, оваа година е проширена и се јаваше и во Кочани. Од здружението за развојна рурален туризам „Битолска коњаница Галоп“ од Битола истакнаа дека ова е со цел да се даде поддршка на родителите на починатите од Пулс, како и почит на починатите. Коњаницата се движеше по улиците во централното градско подрачје, кратка пауза се направи пред општината, а потоа се јаваше до кочанските гробишта каде се оддаде чест на сите оние кои починаа во пожарот во Пулс.
„Целта на овој настан кој го организираме е да дадеме почит на загинатите и поддршка на родителите.“ – вели Стојчевски.
Инаку, главниот настан ќе се одржи во Битола, а потоа ќе се продолжи кон Крушево. Оваа година двајца од учесниците во коњаницата се од Кочани. Од Битолска Коњаница се надеваат дека бројот на учесници ќе се зголемува од година во година и покрај тоа што грижата за коњите е скапа инвестиција. Во коњаницата имаше учесници од 13, 15 годишна возраст па нагоре, а учествуваа и девојчиња.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет