
Повратникот во Првата женска фудбалска лига, екипата на Кочани ја темпира формата за новата сезона, а притоа претставува и нови млади засилувања.
Поранешниот шампион на Македонија ја претстави Ерика Зафировска, фудбалерка родена 2007 година. Се работи за млада и перспективна фудбалерка од Пробиштип која игра во одбраната и ќе претставува големо засилување, но и освежување во одбраната на тимот предводен од Оливер Јовановски.
Минатата сезона екипата на Кочани стана шампион во Втора лига и обезбеди враќање во фудбалската елита на Македонија.
Претходно, екипата на Кочани се засили со Ивона Бангиева и Марија Велиновска.
Александар Ванев, М-Нет