Новиот второлигаш Шкендија Арачиново и третолигашот Пчиња ќе настапат во Купот на Македонија

Третолигашот Пчиња ќе испише голема историја откако за првпат во клупската историја ќе настапи во Купот на Македонија.

Овој третолигаш кој минатата сезона имаше одлични резултати во Северот, ќе испише нова историја. Малото кумановско село кое има околу 650 жители ќе има можност да го проследи својот миленик во Купот на Македонија.

Претседателот на клубот Боби Маневски, посакува за противник во Купот да добијат прволигашки противник со цел да одиграат квалитетен натпревар, а притоа и да добијат искуство повеќе.

Покрај Пчиња, во Купот на Македонија ќе настапи и новиот второлигаш Шкендија од Арачиново, откако минатата сезона беше шампион во Трета лига – Север и преку баражот се пласираше во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет