
Гореше висока сува трева и нискостеблести растенија на планината Плачковица, кај селото Јонузлија во Општина Карбинци. Според информациите од страна на градоначалникот, Виктор Паунов, од утринава интервенирал и хеликоптер на ЦУК заради непристапниот терен. Пожарот е ставен под контрола.
„Пожарот е под целосна контрола и е до една фаза на целосно локализирање. Овде се вклучени од ТППЕ Штип. Ама теренот е непристапен за возилата и е тежок. Од тука се организираше и воздшна асистенција и гасеше хеликоптерот на ЦУК. “ – вели Паунов.
Пожарот избувал околу 5 часот утринава, а забележано е движење на луѓе, вели Паунов, со што постои можноста истиот да бил подметант. Но како што додава се прават дронски снимки со цел да се истражи ситуацијата како настанал овој пожар.
Во меѓувреме се уште гори на планината Серта, меѓу селата Селце и Драгоево. Екипи на ТППЕ Штип се на терен и се борат со огнените стихии.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет