
Новиот второлигаш Големо Коњари веќе е во тренажен процес под водство на новиот тренер Јовица Блажевски, клубот веќе ја подига формата за новата сезона која ќе започне на 23 август, а притоа договори и пријателски натпревари преку кои ќе се проверува истата.
Првиот тест за Големо Коњари ќе биде повратникот во Трета лига – Исток, екипата на Победа од Валандово. Вториот тест ќе биде со третолигашо Евротип од Битола, екипа која се натпреварува во Трета лига – Југозапад, а потоа ќе следува тест со второлигашот Вардар Неготино.
Според нашите информации ќе бидат одиграни уште неколку пријателски натпревари и ќе следува генералка за потврда на формата.
Досега клубот се засили со голманот Антонио Шемкоски, како и Валентин Белески, Бојан Јовески, Симон Николоски и Филип Стојановски, а најзвучно засилување е Зоран Даноски, кој доаѓа од Брегалница и носи огромно искуство во Големо Коњари.
Исто така, како што дознаваме во следните денови се очекува уште едно квалитетно засилување со што значително ќе се подигне квалитетот во сопствените редови, а целта на клубот ќе биде опстанок во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет