
Башкими и натаму продолжува со промоција на нови засилувања, откако новиот прволигаш од Куманово го претстави Фламур Џелили, кој доаѓа од Шведска.
Се работи за 25-годишен офанзивец, кој настапува на крилните позиции и ќе биде големо засилување но и освежување во редовите на тимот кој ќе го води Муарем Муарем.
Џелили има големо меѓународно искутво, настапувајќи за повеќе екипи во Шведска. Башкими гради квалитетен ростер, а повратникот во елитата после 17 години сака висок пласман. Колку за потсетување Башкими во сезона 2004/2005 го освои Купот на Македонија и играше во европските квалификации, а клубот сака враќање одново на европската сцена во иднина.
Пелистер продолжува со промоција на нови играчи со кои сака да го засилува ростерот за новата сезона и да биде стабилен прволигаш, а за таа цел беше претставен Марјан Ристовски – популарниот „Швајц“ стави потпис на договор од една година со битолскиот тим.
Се работи за 28-годишен фудбал кој има големо прволигашки искуство во македонскиот фудбал, кој низ својата кариера настапуваше за Кожуф, Борец, Работнички, Силекс, Вардар, Брера Струмциа и грчки Кавала од каде сега доаѓа во Битола.
Тиквеш продолжува со градењето на конкуретен тим за новата сезона која ќе започне на 8 август, а за таа цел прволигашот од Кавадарци го врати Иван Ивановски.
30-годишниот напаѓач доаѓа од Гостивар, а претходно настапуваше за Силекс, а меѓународна кариера градеше во Звијезда во Босна и Херцеговина.
Поранешниот шампион Струга Трим Лум мисли на иднината потпишувајќи професионални договори со двајцата талентирани стружани Албан и Флориан Рочи.
Албан има 17 години, а пак Флориан 18 години и последните две години и двајцата настапуваа во младинските категории на Брера Струмица, а претходно беа дел од младинските категории на Охрид.
Двајцата фудбалските таленти се дел од младинските репрезентации на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет