Пелистер го претстави Петар Ристиќ, новиот прволигаш Македонија ЃП се засили со Мартин Талаков

ФОТО: ФК Пелистер

Македонските прволигаши продолжуваат со промоција на нови играчи. Битолскиот прволигаш Пелистер се засили со Србинот Петар Ристиќ, откако претходно битолчани се засилија со Стефан Спировски.

Поранешниот репрезентативец во младинските категории на Србија доаѓа во Битола како еден од најдобрите фудбалери во српската Прва лига. Играјќи за Трајал Крушевац тој минатата сезона видливо се истакна и сезоната ја заврши со осум гола и осум асистенции. За Пелистер, Ристиќ треба да биде вистинско освежување и квалитетно засилување.

Ристиќ е е офанзивен фудбалер за врска, кој може да игра на сите позиции во средниот ред, но и по страничните позиции, а низ својата кариера покрај за Трајал од Крушевац има настапувано и за Мачва, Радник, Раднички Ниш и Јагодина.

25-годишникот ставит потпис на едногодишен договор со Пелистер и веќе го одработи првиот тренинг со новиот клуб од Битола.

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Македонија ЃП официјално го претстави Мартин Талаков, кој треба да биде големо засилување за „лавовите“, кои по една сезона експресно се вратија во Првата лига.

Во својата кариера 23-годишникот има настапвиано во Словачка за Похроние, Подбрезова, Жилина, а на домашната сцена беше дел од Брера Струмица и Борец.

Талаков беше и младински репрезентативец на Македонија.

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне на 8 август.

Александар Ванев, М-Нет