Емил Божиновски е нов претседател на судискиот одбор

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која Емил Божиновски е именуван за нов претседател на Судискиот одбор, на местото на Александар Ставрев. Јосип Бартон е назначен за член на Судискиот одбор на местото на Дејан Костадинов.

Емил Божиновски е поранешен македонски фудбалски судија и долгогодишен интернационален судија со богата кариера на домашната и европската сцена. Судел на натпревари од Лигата на шампионите, Лига Европа и квалификации за големи натпреварувања. По завршувањето на активното судење, продолжува како контролор на судење на натпревари во организација на УЕФА и ФИФА. Во рамки на ФФМ, Емил Божиновски, одреден период беше претседател на Судиската комисија, одговорен за организацијата и развојот на судиите, како и за спроведување на стручни семинари и воведување на нови технологии.