
ФК Брегалница доби нов инвеститор, Општина Штип откако ги купи акциите од Кирил Гогов, 85% од истите ги продаде на нов турски инвеститор. Инвеститорот се обврзува да почитува одредени услови, односно во името на клубот да ја има именката „Брегалница“, без можност за преместување на седиштето во друга општина односно држава. Исто така, ФК Брегалница мора да се натпреварува во прва или втора фудбалска лига, а сите трошоци се на грбот на купувачот. Тековното одржување на градскиот стадион и придружните стадиони е обврска на купувачот, како и плаќањето струја и вода.
„Во минатото Општина Штип па до денес со постоечкиот договор имаше обврска да исплаќа на ФК Брегалница од парите на граѓаните за финансирање на професионалниот спорт од 7 до 9 милиони денари. Со новиот договор оваа обврска Општина Штип повеќе ја нема. Името Брегалница со новиот договор останува обврска на инвеститорот да не се променува. Општина Штип досега имаше обврска за одржување на фудбалскиоте терен, со новиот договор тоа е обврска на иневститорот“ – вели Јорданов.
Со продажбата на ФК Брегалница, инвеститорот има должност да го модернизира стадионот со што граѓаните на Штип ќе добијат модерен фудаблски храм.
„Општина Штип освен поповолни услови добива со новиот договор директорни финасиски средства преку продажба на акциите. Акциите се купени за 1080 евра, а Општина Штип ќе ги продава по 1400 евра на новиот инвестирот.“ – додава Јорданов.
Општина Штип од продажбата на ФК Брегалница ќе инкасира повеќе од 18 милиони денари, а девет милиони денари од нив ќе бидат одвоени за купување на акциите од досегашниот мнозински сопственик.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет