Цените во маркетите поскапени дури за 25% по мерката, инфлацијата во иднина ќе остане 3% тврди министерот Дурмиши

Цените во маркетите поскапени дури за 25% по мерката, но инфлацијата ќе остане 3%, тврди министерот за економија и труд Бесар Дурмиши“. Според неговата изјава цените на основните производи во маркетите се зголемиле од 3 до 7 проценти, додека за производите како месо и шеќер покачувањето е помеѓу 10 и 15 проценти. Најмногу е покачена цената на овошјето и зеленчукот и растот е до 25 проценти. Иако овие покачувања имаат значителен ефект на семејните буџети, министерот уверува дека ќе бидат преземени мерки за понатамошно намалување на инфлацијата.

,,Очекувано беше, дека кај основните производи цените се зголемени од 3 до 7 проценти, сега го кажувам извештајот за месец мај. Зборуваме за тие производи кои што имавме ограничување до 5 проценти. Кај они кои што имавме ограничување до 10 проценти, како месо, шеќер, покачувањето е од 10 до 15 проценти и кај тие производи кај кои ограничувањето во текот на мерката беше 15 проценти како овошје зеленчук, таму имаме покачување на цената од 15 до 25 проценти. Но имаме домашни производи, кои се прават веќе од нашите производители и веќе е нивното време, таму имаме намалување од 20 до 100 проценти. Во месец март инфлацијата беше 3,2. Во следниот период и до крајот на годината ќе работиме максимално за да инфлацијата биде максимум 3 проценти.“, рече Дурмиши

Во следните денови се очекува да пристигне и извештајот и за месец јуни рече Дурмиши, а се чека да бидат извадени и податоци на државниот завод за статистика. Потенцираше дека кога ќе се споредат обете податоци, ќе може да се каже и за месец јуни додава тој.

Доколку има дивијантно однесување и енормно зголемување на цените, министерот Дурмиши беше согласен дека ќе има ригорозни мерки. Или ќе има се оди со помал процент на ограничување, или ќе бидат опфатени сите производи.

Иван Митев, М-Нет