Приведен маж во Штип, во неколку наврати физички ја нападнал сопругата и и’ се заканувал

На 28.06.2025 во 15.20 часот во Штип полициски служебници од СВР Штип го лишија од слобода Б.Д.(33) од Штип, по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека во неколку наврати физички ја нападнал и и’ се заканувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.