Приведен 69-годишен возач во Делчево, со 2,41 промили алкохол учествувал во сообраќајна несреќа

На 28.06.2025 во 20.00 часот на ул. „Булевар Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода К.С.(69) од Делчево. При вршење на увид на сообраќајна несреќа, утврдено е дека додека К.С. управувал патничко возило „шевролет спарк“ со делчевски регистарски ознаки, бил под дејство на алкохол, односно дека има 2,41 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.