120.000 тони квалитетна сина слива, наместо во преработка ќе заврши на депонија

Пространата Малешевија и Пијанец на кои се распослани близу три илјади хектари со висококвалитетни стебла на сина слива и годинава ќе остане ускратена за дваесет и еден милион и шестотини илијади денари. Близу илјада и двесте производители на висококвалитетна малешевска слива и годинава ќе останат без наплата на убавиот берикет. Наместо за преработка во конзервната индустрија за компот, мармалад и слатко, малешевската сина слива ќе заврши како органско губриво велат земјоделците без стратегија за развој. Во името на сите кои немат потпишано договори за откуп, поранешниот долгогодишен директор на делчевскиот центар за култура Славчо Деспотовски, вели дека земјоделската политика се третира само во политичките нереализирани стратегии. Без претхoдни гаранции и потпишување на договори за откуп квалитетната слива ќе остане неискористен потенцијал за подобрување на локалната политика.

Ќе се случи како минатата година наместо по десет денари ке чекаат да изгние сливата и да ни ја откупат по пет денари доколку и воопшто направат откуп“-вели Славчо Десподовски сопственик на плантажа.

Просечната цена за производство на еден килограм сина слива е 5 денари, на ова доколу се додадат и 3 денари за берење како и цената на чинење на транспорт ќе се добие многу повисока производствена цена на чинење која ниту одалеку не кореспондира со откупната цена која впрочем сега засега никој не ја нуди.

Производителите на сина слива бараат излез од веке познатата ситуација, велат дека сепак според нив има начин за решавање на овој проблем од кој се засегнати илјадници земјоделци.

„Мора да се направи стратегија за откуп,доколку не се случи тоа ќе мораме да ги одсечеме дрвата или да се занимаваме со друг вид на производство на марихуана или нешто слично“-изјави овој земјоделски производител.

Според производителите на висококвалитетна малешевска слива, во најмала рака е збунувачки  пристапот на сите креатори на локалното и државното стопанство кои очигледно потфрлија во овој сегмент. И додека трае неизвесноста околу откупот на овогодинешниот, род земјоделците се ставаат во улога на менаџери барајки алтернативни решенија, процес кој не им оди од рака.