
Егоизмот и недостаток на грижа за останатите, за двајца штипјани значеа кривични пријави.
СВР Штип поднесе кривични пријави против 48 годишниот Т.К и 45 годишниот Н.К., поради тоа што иако требале да бидат во самоизолација, полициските службеници не ги затекнале во нивните домови.
Со ова, освен што го прекршиле законот, со тоа што сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, овие несовесни штипјани загрозиле и туѓо здравје. Она што би требало да следува е надлежните органи да ги анкетираат сите со кои биле во контакт Т.К и Н.К во периодот кога не биле во своите домови во периодот на самоизолација.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк