Бесплатна проверка на крвниот притисок, делење на флаширана вода и флаери – Црвен Крст со акција во Штип

Со делење на флаширана вода, флаери и совети за заштита од високите температури, денес Црвениот крст беше присутен на градскиот пазар во Штип, каде активно се вклучи во превентивните активности против топлотниот бран. Доброволците делеа флаширана вода на граѓаните, а истовремено ги информираат за ризиците кои може да ги донесат екстремно високите температури. Покрај тоа, доброволците на Црвениот крст нудеа и мерење на крвен притисок, што се покажа како многу корисно, особено за постарите лица, кои беа повеќе заинтересирани за оваа услуга.

,,Црвен крст на град Штип денес се наога на градскиот пазар во Штип, каде што се вклучува во активностите за заштита од топлотен бран. Денес ние делиме флашира вода, флаери на нашите граѓани со цел да превенираме ризици кои што можат да настанат од високите температури. Секако тука сме за да им дадеме совети, кои ќе ги заштитат нашите граѓан, како тоа да не излегуваат во период од 10 до 17 часот и слични совеит. Воедно мериме и крвен притисок. Има доста заинтересираност за мерење на крвен притисок.“, рече Костадинова

Дека ваквите акции се од голема важност особено за повозрасните, согласни беа тие пред камерите на М-Нет телевизија. Велат дека наместо на лекар, тие се прегледаа бесплатно на пазарот.

Со вакви акции, Црвениот крст продолжува да работи на заштита на здравјето на граѓаните, нудејќи им практична помош и важни совети за зачувување на нивната безбедност во овие летни месеци.

Иван Митев, М-Нет