
Жештината не ги спречи граѓаните за пазар во Штип. И покрај температурите кои се искачуваа до високи степени, пазарот беше преполнен. Во големите гужви, сите брзаа да го најдат најсвежиот зеленчук, а доматот и пиперот беа во центарот на вниманието. Цените беа исти како и претходниот петок, што ги изненади многумина. Според граѓаните, цените се реални, имајќи ги предвид сите трудови и напори на земјоделците. Побарувачката беше задоволителна за продавачите, кои не се жалеле на недостаток на купувачи.
Задоволни овој петок од побарувачката беа и производителите. Велат дека цените се идентични како претходниот петок, а истите се очекува да се намалуваат во текот на летото.
Инаку, овој петок голема беше побарувачката и на лубеницата, како и на праската. Се продаваше и свежи јајца, чаеви, но и многу домашни зачини, кои домакинките ги купуваа за во својата кујна.
Иван Митев, М-Нет