
Ќе се вратат ли младите да работат и живеат на село?
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска потенцираше дека државата активно работи на стимулирање на земјоделците, со посебен акцент на младите брачни парови кои ќе се вклучат во земјоделскиот процес и ќе се вратат да живеат на село“. Како што додаде тој, со новиот закон, земјоделеството повеќе не се гледа како социјална категорија, туку како почитувана професија која заслужува вистинско внимание.
,,Она што државата го работи е да ги стимулира земјоделците. Она што ќе го воведеме како новина во 2026 година со новиот закон е со посериозна подршка на млади брачни парови, кои ќе влезат во земјоделскиот процес и ќе се вратат да живеат на село. Категоријата земјоделец не е повеќе социјална категорија , не е нешто валкано и што не заслужува внимание.“, вели Трипуновски
Трипуновски останува дециден дека довербата во институциите пополека се враќа. Вели дека со тоа млади луѓе гледаат дека работата во земјоделството може да биде профитабилна.
,,Причината за напуштање на младите од секторот земјоделство е затоа што во изминатите години, сите бевме сведоци дека рентабилноста во делот на земјоделското производство беше еднакво на нула, дури и со минус, со загуба работеа, сите кои што досега егзистираа. Гледајки го тој аспект, младите заминуваат во друга гранка или пак ја напуштаат државата. Она што изминативе една година како влада го работиме е враќањето на довербата во институциите. Министерството партнерски работеше и во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи. Споменав неколку култури, кои што добија многу повисоки цени, за разлика од минатото, што значи дека самите земјоделци работат со позитива, односно производната цена е зголемена за одреден процент, како добивка во делот на она што го имаат вложено како труд и мислам дека таа доверба пополека го достигнува нивото кое што го заслужува, а со тоа и младите луѓе гледаат дека работата во земјоделството не е со негатива и може да биде профитабилна.“, рече Трипуновски
Со новите иницијативи, понатаму што останува како прашање е дали земјоделството ќе стане вистинска опција за младите, или ќе продолжат да ја напуштаат оваа гранка во потрага по подобри услови? Дали оваа поддршка ќе ги мотивира младите да се вратат на село и да ја градат иднината во Македонија?
Иван Митев, М-Нет